Мени

Легендата за Тара

Еден ден... Авалокитешвара (бодисатва на сомилоста и љубовта) погледна на земјата и виде многу страдање.

Иако ги чуваше, луѓето се уште не научија да бидат среќни, да се сакаат и да ги отворат срцата за светлината на животот. Од преголема тага тој заплака... 

Од неговите солзи на земјата се направи езеро, а од една солза на површината на езерото никна лотосов цвет...
Од центарот на тој цвет се роди Тара. Не плачи-рече таа, јас ќе ти помогнам.

Тара е женска бодисатва, симбол на просветлена активност,која доброволно се инкарнира на Земјата за да им помага на луѓето во постигнување на добросостојба. Претставена е како девојка која седи на лотосов цвет со исправена десна нога која ја симболизира нејзината подготвеност да помогне. Рацете и се во мудри(гест) и низ нив се испреплетува лотосов цвет кој претставува верба,духовно будење и бистрина.

Тара е симбол на женскиот принцип и е мудрост која ја има секое човечко битие. Во духовна смисла, таа е еден од најмоќните заштитници од мракот на незнаењето, илузијата и темните сили.