Мени
Осум (гранки) чекори на јогата
Овие осум чекори во основа, служат како водич и прирачник за добро осмислен живот, живот со цел.
Во нив се содржат записи за морално и етичко однесување, насоки за самодисциплина, го насочуваат вниманието кон здравјето на човекот, помагаат да ги разбудиме спиритуалните аспекти на нашата природа.
Осумте гранки или чекори во јогата (ashta-осум, anga-гранка, чекор) според втората книга (sanskrit, pada) на Yoga Sutras на Патанџали се: ги содржи петте воздржувања:
- Ahimsa: неповредување на другиот, неповредување на себе си, ненасилство во мислите, зборовите и делата.
- Satya: вистинитост на мислата и зборот.
- Asteya: непосакување на туѓото.
- Brahmacharya: моногамија кај оженетите и омажените и непосакување на туѓ маж или жена.
- Aparigraha: непосесивност.
Niyama ги содржи петте доживувања:
- Shaucha: чистотата на телото и умот.
- Santosha: сатисфакција, задоволство со она што се има.
- Tapas: одржување на телесна дисциплина и контрола на умот.
- Svadhyaya: интроспекција и големо будење на душата .
- Ishvarapranidhana: предавање себе си на бога.
Asana: дисциплина на телото, правила и позиции кои штитат од болести и ја поттикнуваат виталната енергија. Правилните позиции се физички вовед во медитација. Тие ги контролираат екстремитетите и мерниот систем, оневозможувајќи им да го доведат телото до вознемиреност.
Pranayama: контрола на здивот.
Pratyahara: повлекување на сетилата од надворешните објекти.
Последните три нивоа се нарекуваат внатрешни помагала на јогата.
Dharana: концентрација на Citta (умот) на некој физички објект како пламен на свеќа, точката помеѓу веѓи или слика.
Dhyana: стабилна медитација. Подразбира надлетување на мислата околу објектот на медитација. Актот на медитација и објектот на медитација се одделени.
Samadhi: единство со објектот на медитација. Постојат два вида на Samadhi:
- Samprajnata Samadhi: свесно Samadhi. Умот е концентриран на објектот на медитација.
- Asamprajnata Samadhi: умот и објектот на медитацијата се во единство. Сите ментални модификации се исклучени (Miruddha).