Мени
Општи поволни влијанија
“Многу луѓе се трудат да живеат што подолго, Но многу малку се тие шти се трудат да живеат што подобро.” - Сенека
Влијанијата од практикување на јога може да се поделат на физички, ментални и духовни.
Физички: Физичките поволни влијанија од јогата се однесуваат на ендокринот, мускулниот и коскениот систем. Со редовна пракса настанува хармонизирање на системот на жлезди за внатрешно лачење, што се одразува на физичката благосостојба на човекот и неговиот ментален став спрема животот. Познато е дека до губење на здравјето доаѓа и при пореметување на функцијата на една од овие жлезди. Со редовно практикување на јога овој систем се одржува во најдобра можна функција. На овој начин и другите органи можат да се опорават, подмладат и да почнат нормално да ја вршат својата функција. промените во околината. Јога положбите ја стимулираат функцијата на варење предизвикувајќи лачење на дигестивни сокови и хармонизирање на органите кои се регулирани од симпатичкиот и парасимпатичкиот систем (бели дробови, срце, желудник, црева, црн дроб, бубрези и др). Го зацврстува коскенот систем, го одржува и обликува телото, ја зголемува еластичноста на мускулите. Може да се каже дека јогата го одржува физичкото тело во најдобра форма, а болното тело го поттикнува да закрепне.
Ментални: се развива концентрација и умот се здобива со рамнотежа. Човекот полесно се соочува со тагата, со вознемиреноста и секојдневните проблеми. Практикувањето јога ги ослободува успиените потенцијали, па така човекот е во состојба да зрачи со сигурност, доверба и ги инспирира другите со својот говор, однесување и дела. Практикувањето јога ја зголемува самодовербата, чувството за самоконтрола, креативноста, академските постигнувања, моралниот и когнитивниот развој и самоактуализацијата.
Духовни: Јога нуди и систем на техники кои го поттикнуваат и духовниот развој,како техниките Prаttuahara (исклучување на сетилата), Dharana (концентрација), Dhuana (медитација), па се до кулминација Samadhy (космичка реализација).Овие техники се неопходни за духовните аспиранти, за будење на нивните психички потенцијали. Духовноста не ги исклучува ни јога асаните. Во hatha yogi голема важност се дава на асаните. Асаните се скалила во духовниот пат и треба да се сметаат за облик на медитација и психичко прочистување. (Saraswati, 1989).
ШЕМА ПРИКАЗ ЗА ВЛИЈАНИЕТО НА ЈОГА ТЕХНИКИТЕ НА ФИЗИЧКО, МЕНТАЛНО И ДУХОВНО НИВО
Лични искуства на некои од практиканите
Брзиот начин на живеење не ни дозволува многу да се одмараме. А без одмор и со многу стресови телото и психата страдаат... но не ни знаев во колкава мера тоа ми се одразило, се додека не ги освестив чакрите а и функциите кои тие ги поддржуваат -со помош на медитацијата. Со медитација ги балансирам немирот, незадоволството ,недостатокот на енергија ...наспроти тоа добивам чувство на смиреност и способност да се сакам себе и другите...но треба мнооогу практикување за да се одржи таа состојба константна! : )) ...да не пропуштам и дека јога вежбите не дозволуваат да се омлитави телото!... но сето ова е волку успешно поради пријатниот амбиент, убавата музика и добрата инструкторка!
Емилија Раповска, јога практикант
Долго време бев со мислење дека Јогата е мистична активност која ја практикуваат лицата кои сакаат да се сокријат од притисоците на денешното време. Сакајки да го исполнам слободното време, решив да ги посетувам часовите по јога и пријатно се изненадив кога открив дека е тоа взаемна поврзаност на физичка и ментална активност, така што после секој час се чувствувам физички добро и смирано. Јогата ми причинува големо задоволство и не можам да замислам да не ја вежбам.
Јасмина Корубин, јога практикант
Имам 61год.Со јогата се сретнав пред 6 год. и многу ми е жал што не ми се случи порано,но за среќа во јогата нема старосни граници.Јогата ми подари мир во душата,љубов во срцето и здравје во телото.Практикување на јога е најпаметната работа што сум си ја направила лично за себе.Хармонија меѓу духот и телото е тоа што секој го посакува,а јогата ни го пружа тоа.
Аница Мирчевска, јога практикант
Вежбањето јога за врме на бременоста,не само што ми овозможи физичка кондиција и ментална релаксација(особено во моменти на хормонални промени),туку јогата ми овозможи и да се осврнам кон процесите во моето тело и да ја осетам поврзаноста и потребите на плодот.
Тања Котевска, јога практикант