Мени
Како се организирани часовите
Во Јога Клубот Тара-Аеродром, часовите се организирани во три групи: почетни, средни и напредни (прва, втора и трета група).
Во зависност од групата часовите траат од 1h до 1h:30мин.
На часовите учествуваат практиканти од сите возрасти, без предрасуди за пол и возраст.
Една група се состои од најмногу 10 практиканти.
Се одржуваат и посебни групи на јога за трудници и јога за деца.
Се одржуваат предавања и семинари за јогата.
Се одржуваат часови во природа, како и јога кампови низ Р.Македонија.
На часовите е потребно да се понесе пријатна облека и пешкир. Препорачливо е да се дојде 5-10 мин пред почнување на часот. Последниот оброк пред јога праксата, треба да биде најмалку час и половина. Да се внимава на личната хигиена, пожелно е туширање со млака вода околу половина час пред јога праксата.
Треба да се одржува и хигиена на носната шуплина со техниката Џала Нети, заради правилно и непречено циркулирање на праната и одржување на баланс на енергетските канали.