Мени

За кого се препорачува јогата

Јогата се препорачува за:

ТРУДНИЦИ - јога техниките за трудници ја олеснуваат бременоста поволно влијаејќи на здравјето и физичката кондиција на мајката.  Во периодот на бременост кај мајката се случуваат промени како на физичко, така и на ментално ниво. Докажано е дека јогиските положби помагаат да се намалат болките во грбот, се подобрува телесниот став, се тонираат сите телесни мускули, се овозможува добар сон, чувство на самоконтрола и самодоверба. Правилното дишење, овозможува смиреност на умот, бистри мисли и позитивен став. Јогиските техники ја олеснуваат бременоста, но и породувањето. Важно е и тоа што мајката воспоставува свесен контакт, уште пред раѓањето на бебето. Секоја состојба на мајката директно делува и на плодот. Во утробата бебето е осетливо и на звуците од незиното срце, кога мајката е вознемирена и во стресна состојба, тоа го чувствува и бебето. Иако плодот има посебен крвоток од крвотокот на мајката, преку папочната врвца тоа ги прима и хормоналните влијанија од мајката. Нејзиниот ритам на живот и емотивната состојба, докажано е дека се пренесуваат и на детето. Затоа е важно да се создадат здрави навики уште во бременоста. Јогата учи како да се искористи креативната моќ на умот, да се донесуваат позитивни одлуки за себе, да се креираат позитивни мисли и чувства кои ке бидат здрава основа за новиот живот.

ПОСТНАТАЛНА ЈОГА - после породувањето на телото му е потребна умерена активност која ке му помогне да се врати во добра форма. Тука се применуваат едноставни јога покрети со зглобовите, положби за зајакнување на стомачните мускули, нозете и рацете, вежби за грб и врат итн. Се применуваат и релаксацони техники и техники за дишење.

ЈОГА ЗА ДЕЦА - јогиските положби се спроведуваат низ игра и дружење. Помагаат при правилниот физички развој на детето-правилен од, правилен став на рбетот и целто тело, зацврстување и правилно оформување на коските, тонизирање на мукулите. На ментално ниво јогата влијае при зголемување на концентрацијата кај децата, ја развива самоконтролата и стабилноста, ја буди и развива креативната детска фантазија.

ЈОГА ЗА СЕКОГО - овие групи се однесуваат на практиканти од сите возрасти кои ја посетуваат редовната јога пракса. Луѓе кои од различни прчини одлучиле да го збогатат својот живот со активност која покрај физичките бенефиции, здравите навики, здраво и обликувано тело, ќе придонесе и за нивниот личен раст и развој. Стресното и брзо темпо на живот се повеќе ги тера луѓето да најдат ефективен и корисен начин да го редуцираат стресот, да бидат со самите себе и да ги развиваат заспаните потенцијали. Се повеќе се зголемува свеста за суптилното, нематеријалното, духовното кај луѓето.

ЈОГА ВО ПООДМИНАТИ ГОДИНИ - јогата се препорачува и за постари лица. Ова е одличен перод да се практикува јога. Тогаш луѓето се ослободени од секојдневните работни обврски и имаат повеќе време за себе. Покрај семејните обврски, би било добро да си го исполнат денот и со активност која ќе им овозможи одржување на физичкото и духовното здравје. Јогата нуди голем избор на техники и вежби кои не го оптеретуваат срцето,го регулираат крвниот притисок,не се напорни за телото. Техниките за опуштање и медитација придонесуваат за зголемување на самосвесноста, самодовербата и развивање на личнара среќа. Бидењето во група со врсници овозможува и споделување на сопствените животни искуства, размена на мислење за одредени проблеми, дружење, ведрина. Се отвораат нови песпективи и нови видици на животот.

ЈОГАТА ВО ТЕРАПЕВТСКИ ЦЕЛИ - Се препорачува при разни деформации на рбетот, кршливост на коските-остеопороза, опоравување на коските и мускулите после разни повреди, помага при регулација на жлездите со внатрешно лачење, како тироидата, панкреасот, надбубрежните, половите жлезди итн. Лесните и релаксирачки јога положби благопријатно влијаат и на срцето и крвните садови. Се подобрува дишењето, се зголемува имунитетот на организмот. Се препорачува при состојби на психички и физички стрес, посттрауматски стресни состојби, депресивни состојби, панични напади. Помага во зголемување на вниманието и концентрацијата, зголемување на самоконтролата, подобрување на менталните активности итн.