Мени
Летен јога камп на Преспанско езеро
Јога кампот ќе се одржи последниот викенд од месец август (24,25,26-ти петок, сабота, недела)
Крајот на летото е идеално време “ДА ГО СВРТИМЕ ЛИСТОТ” од континуиран стрес и нездрави навики. Оптеретени од животот со намера “Да ги наполниме батериите” за новата работна година, често не ни успева да го направиме тоа како што сме сакале, бидејќи ни недостасува време или пак ни недостасуваат пари за голем потфат. Постојат многу начини као да го направиме тоа и без многу пари, а за само еден викенд.
Еден од тие начини, како добар двигател за активен и задоволителен остаток на годината е “Јога во природа”. Нашите студиа повеќе од пет години успешно организираат практикување на јога во природа. Во нашите програми застапен е здравиот начин на живеење по пат на движења, вежби, здрава исхрана и практицирање на традиционална вештина како што е јогата.
За прв пат по промотивна цена за целиот аранжман 4.500 ден
Доколку сте Вие заинтересирани да го подобрите сопствениот живот и да го надминете стресот и секојдневните проблеми, како и да дознаете повеќе за состојбите на умот и срцето, срдечно Ве повикуваме на оваа интересна семинар-работилница во котлината на Преспанско езеро помеѓу планината Баба на исток, Галичица на запад, Сува Гора на југ и рамништето на Ресенско Поле на север, каде што конечно се наога изборот на нашиот “ЈОГА КАМП ПРЕТОР”, на 992 м надморска височина.
Користејќи ги благодетите на нашето богато Македонско тло, “Jога во природа” редовно ќе се одвива на оние места низ Македонија каде што има најголемо присуство на енергетски вибрации кое ќе Ви овозможи обновување на целото Ваше битие.
БЕНЕФИТ
Тргнувајки од фактот дека “Природата како извор на животот” има огромно влијание врз сите живи суштества, можеме без поголеми потешкотии да заклучиме дека човекот поминувајки повеќе време во природа, СЕБЕ СИ си прави голема услуга. Според тоа вежбањето јога во природа во голема количина позитивно би влијаела како врз физичкото така и врз менталното здравје на секој човек. Се докажало дека редовното практикување на разни активности во природа директно влијае врз брзото поправање на расположението и самодовербата кај испитаниците. Позитивните ефекти посебно доаѓаат до израз кога активностите се одвиваат во близина на водени површини (реки, езера). Исто така забележано е дека од физичката активност во природа најголема корист имаат лицата изложени на стрес и лицата кои не се доволно физички активни.
Целта на ова кампување е на луѓето од градот да има се даде можност да се запознаат со јога вежбите во природа, како предлог на замена од пасивен одмор со активна програма на јога вежби, кој делуваат благотворно на воспоставување на “ Рамнотежата на телото и психата”.
КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?
Овој Камп е наменет пред се на Љубителите на Природата, како и на практикантите на јогата. Програмот е наменет како за искусни, така и за оние кои никогаш немале искуство со јогата. Може да ни се придружат сите заинтересирани, без предзнаења и посебни искуства. Јогата ќе ја водат искусни - сертифицирани инструктори.
ЈОГА ТЕХНИКИ И ВЕЖБИ
Кампот ќе опфати интензивна јога, пракса на разменување на искуствата, некои на вежби за телото, како и асани, пранајама-вежби за дишењето, дарана-вежби за концентрација, медитација (освестување) на срцето и неговата вибрација, екаграта-(освестување на третото око, уво), како и креативна визуализација. Во програмата ќе имаме моменти на разменување на искуствата и некои изненадувања.
ЕТИКА
Јога инструкторите самоволно ја превземаат обврската за одржување на професионална и етичка страна на методата, како врвна етичка мерка на хуманост. Во име на овој кодекс се очекуваат “ Oсновните норми” на однесување од страна на членовите. Овој принцип е застапен како непишано етичко правило во историјата на Јогата.
НАПОМЕНА
Вашето здравје зависи исклучиво од она што сте спремни сами за себе да си направите.
Превземете одговорност, одговорете му на животот.
Доколку немате доволно доверба и почитување кон овој програм, Ве молиме не го земајте овој програм во предвид.
СМЕСТУВАЊЕ
Сместувањето ќе биде во приватна вила, во соба со по 3 кревета, на секој кат 3 соби делат заеднички тоалет.Вилата се наоѓа во близина на езерото,со прекрасен поглед. Балконите и дворот од задната страна на вилата имаат директен поглед кон езерото.
ИСХРАНА
Исхраната ќе биде вегетаријанска.
Петок: ланч пакет-сендвич со веге ќофте
Саботa: Доручек-овошна салата со лешници Ручек-рижото со печурки Вечера-печени лепчиња со мајонез од бадеми Десерт-палачинки
Недела: Доручек-проја со сирење,маслинки и ким Ручек-веге пица Вечера-ланч пакет –веге ќофте од тиквици Десерт-овошен шејк
*За потребите на програмот ангажиравме професионален готвач
СУГЕСТИИ
Понесете си покрај летна облека и облека за свежо време. -Подметачи за вежбање -Тетратки - (Лекови) бидете доследни на Вашата терапија препишана од Стручни Лица.
ФАКУЛТАТИВНА ПРОГРАМА
Посета на Островот Големиот град
Островот Голем Град,ее единственот остров на територијата на Р.Македонија.Се наоѓа на тромеѓето со Р.Грција и Р.Албанија,на најјужната точка на Преспанското Езеро,во склоп на Националниот Парк Галичица.Во него живеат ендемични видови на птици и растенија,а надалеку е познат и како змиски остров и остров на желките.Сепак,голема е веројатноста,да не видите ни една змија,зошто се работи претежно за водни змии и ќе сватите дека змиите се само мит за Островот.Островот опива со специфични мириси на билки, смокви и цветови и освен песната на птиците,единственото нешто што ќе го слушнете таму се сопствените чекори.
Историја на Островот
На Островот најстарата пронајдена цивилизација датира од IVвек п.н.е се до VIвек н.е.Пронајдени се ископини од Хелинистичкиот Период,во дворот на црквата св.Димитриј,како и куќи од Римскиот Период.
Во Средниот Век,Островот бил манастирски комплекс.Во тој период на островот живееле само монаси и луѓе од околината кои биле духовно поврзани со светците на Островот.Монасите и другите духовници биле погребувани на Островот,за што сведочат археолошките ископини.Поради целата историја и духовните активности што со векови се одржувале на островот,тој не случајно и денес опијува со смирувачка енергија и самото присуство е исцелувачко.Бидењето во тишина на Островот е едно незаборавно,трансформирачко, медитативо искуство.
Една од црквите,црквата цв.ПетарIV век н.е е во добро зачувана состојба и може да се посети.На спротивната страна се наоѓаат конаци во кои живееле монасите.
Цената на комплетниот јога програм кој вклучува превоз со сопствено комбе Скопје-Претор и обратно,две ноќевања во вила во Претор,комплетни вегетаријански оброци ,утринаска и вечерна јога пракса и работилници за личен развој е 4500ден.
Факултативниот излет на островот се наплаќа плус 500ден.Излетот не е задолжителен.Доколку има учесници кои нема да одат на Островот,за нив програмата продолжува во нормален тек со една од инструкторките.
ВЕ МОЛИМЕ ПРИЈАВУВАЊЕТО И УПЛАТИТЕ ДА ГИ ИЗВРШИТЕ НАЈДОЦНА ДО 15 АВГУСТ, ПОРАДИ ПОДОБРА ОРГАНИЗАЦИЈА!!
ВЕ ПОВИКУВАМЕ ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИТЕ НА НАШЕТО ЛЕТНО ЈОГА ПАТУВАЊЕ,
Организација: Лидија - Јога Клуб Тара, Лилјана - Јога Клуб Surya
Во продолжение слики од летниот камп 2012г.