Мени
Јога презентација на Скопје Вегефест 2012
Воведно предавањ за јогата и практична презентација на јога асани.
Првиот Веге Фестивал во Македонија се одржа на 20 и 21 Октомври 2012, во Стара Чаршија -Кафе Бар Ла Кања и Чифте Амам во организација на Задужението За Заштита на Животни, Анима Мунди.Во рамките на истиот, покрај дегустација на вегетаријанска храна,се одржаа и едукативни предавања и изведби од областа на здравата храна,уметноста, источните боречки вештини,јогата итн.Пораката да се прекине со насилството врз животните,да се промени и подобри начинот на исхрана и да се подигне свесноста за водење на здрав живот ,беше прикажана многу моќно,емотивно и искрено преку различните презентации и изведби од горенаведените области.Јога презентацијата содржеше воведно предавање за јогата(Лидија Котевска) и практични вежби, јога положби-асани демонстрирани од членови на Јога Клубот Тара.