Мени

Вегетаријански предлог

Вегетаријанството се случува како избор и е резултат на повисоко ниво на свесност.

Не постојат строги правила околу изборот на храната, но секако на поискусните практиканти спонтано им се менува вкусот и потребата за храна. Да се стане посвесен за своите мисли, дела, зборови и потреби, значи да се има длабок и искрен увид во нештата онакви какви што навистина се. Се менува односот кон храната, се јаде умерено, свесно, се изострува вкусот и потребата за свежа и сирова храна, додека природно и спонтано се отфрла конзервираната, пржената, вештачката храна. 

За оние кои се определиле за вегетаријанството или пак повремено се хранат на тој начин, наш веге предлог е печурката-БУКОВКА. Буковката(pleurotus ostreatus) е хранлива печурка која содржи сложени шеќери кои не им штетат на дијабетичарите, содржи и натриум, калиум, калциум, фосфор, манган, железо, витамини А,Ц,Б1,Б2,Д, и К. По хранливата вредност буковката го зазема местото помеѓу зеленчукот и месото. Содржи 15% суви материи од кои половината се белковини кои сочинуваат комплетен аминокиселински состав сличен на аминокиселините од месото. Содржи и етерични масла кои го регулираат апетитот и работата на цревата. Буковката го намалува холестеролот и шеќерот во крвта, а има и антиканцерогено својство. Древните цивилизации на Кина и Јапонија, не учат дека печурките може да ги проучуваме и како лек, помошно лековито средство или еликсир кој содржи широк спектар на биолошки активни супстанци. Интересот е стимулиран и од големиот број научни трудови кои секојдневно се работат за печурките со медицински својства. До сега е воспоставено дека составот на Буковката помага при следниве состојби: 

  • Го зајакнува имуниот систем
  • Го регулира нивото на холестерол и шеќер во крвта
  • Смирува хронични инфекции
  • Го забрзува метаболизмот
  • Го убрзува обновувањето на цревната флора.
  • Го регулира крвниот притисок
  • Го ублажува процесот на стареење

Елена Котевска, дипл. инжинер агроном

Производство на Буковки